Регионалниот Бизнис Центар во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион е формиран врз основа на Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на Република Сееврна Македонија" бр.63/2007 187/2013 и 43/2014), како и врз основа на Програмата на Владата на Република Македонија за рамномерен регионален развој во 2014 година („Службен весник на Република Северна Македонија" бр.8/2014 и 22/2014), со цел зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото.

Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион има за цел да помогне и да им даде поддршка на малите и средни претпријатија за нивен побрз и динамичен развој. Преку идентификување на тековни потреби, лобирање, информирање и вмрежување, Бизнис Центарот придонесува во зајакнувањето на капацитетите на компаниите во регионот со што создава клима за развој на одржливи и профитабилни бизниси.

Регионалниот бизнис центар е формиран во 2014 година со финансиска поддршка од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации - УНДП.

Денес, за остварување на своите цели, Регионалниот бизнис центар добива поддршка од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

УСЛУГИ


Бизнис Центарот придонесува во зајакнувањето на капацитетите на компаниите во регионот со што создава клима за развој на одржливи и профитабилни бизниси. Прочитајте повеќе за услугите кои ги нуди Бизнис Центарот.

СТРАТЕГИИ ЗА РАЗВОЈ


Бизнис Центарот во рамки на повеќе проекти подготвува Програми, Стратегии со акциски планови, Анализи и Водичи каде што јасно се утврдени приоритети на Југоисточниот Плански Регион. Прочитајте повеќе за стратегиите за развој

ПРОЕКТИ


Бизнис Центарот придонесува во зајакнувањето на капацитетите на компаниите во регионот со што создава клима за развој на одржливи и профитабилни бизниси. Прочитајте повеќе за услугите кои ги нуди Бизнис Центарот.