Empty image

Во рамките на проектот „Акцелератор на знаење на МСП – МЕКА“ имплементиран од страна на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – ФЛОРИТ – Гевгелија и Организација на жени – Штип, беше доделена опрема за извршување на активностите на Регионалниот Бизнис Центар при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

За време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на општина Дојран, на ден 05.11.2019 година, Градоначалникот на општина Дојран Г-н Анго Ангов додели Благодарница за придонес и помагање во развојот на економскиот локален развој на Раководителот на Центарот за развој за Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова.

Во организација на Министерството за локална самоуправа во хотел „Мериот“, Скопје од страна на претставници на Центрите за развој на планските региони беа презентирани одобрените проекти преку Грантовата шема за инвестициски и Грантовата шема за иновативни проекти овозможени преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го имплементираат Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Empty image

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап" и „спин-оф"

 

Empty image

Владата на Република Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст", поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.

На 30.05.2018 година во просториите на Дом на АРМ во Струмица пред претставници од бизнис секторот од Југоисточниот плански регион беше претставен актуелниот јавен повик за кофинансирање на предлог проекти за мали и средни претпријатија. Повеќе...

Empty image

Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 година објави Јавен повик за поднесување на предлог проекти за финансиска поддршка. Повеќе...

На 13.04.2018 година помеѓу Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа беа потпишани два Договори за финансирање на активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.

Empty image

Министерството за економија објави јавен повик со кој започна аплицирањето за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија, кои вработуваат над 3 лица.

На 01.02.2018 година во "Дом на АРМ" во Струмица се одржа инфо сесија за презентирање на проектот „Предизвик за млади истражувачи" кој го спроведуваат Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион согласно Договорот склучен помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локална самоуправа од Југоисточниот плански регион има планирано одредени активности и настани кои треба да ги имплементира во тековниот период. Една од тие активности е и имплементација на дводневна работилница на тема „Запознавање со работата на Центарот за развој на ЈИПР, подготовка на проектни апликации и управување со проектен циклус".

Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП, го имплементира проектот "Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво" кој ќе придонесе до создавање на услови за зголемување и унапредување на услугите што граѓаните ќе може да ги добијат по електронски пат, како и унапредување на концептот за добивање на услугите на едно место преку развивање функционални центри за услуги во сите општини.

Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП, го имплементира проектот "Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво" кој ќе придонесе до создавање на услови за зголемување и унапредување на услугите што граѓаните ќе може да ги добијат по електронски пат, како и унапредување на концептот за добивање на услугите на едно место преку развивање функционални центри за услуги во сите општини.

Центарот за равој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир" бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини, Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Г-а. Жулиета Ѓуркова и Министерот за локална самоуправа Д-р. Ширет Елези на 25.05.2017 година го потпишаа Договорот за финансиска подршка на Бизнис Центарот во рамки на проектот „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор".

Empty image

DSC 0738-minНа 23ти март 2017 година во Дом на АРМ во Струмица се одржа инфо сесија за четвртиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за инструментите: Kофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Empty image

DSC 0690-minБизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 05.03.2017 година во општина Дојран успешно ја заврши реализацијата на проектот "Камп за млади иноватори и претприемачи".

 

 

 

Empty image

logoФондот за иновации и технолошки развој го објави четвртиот повик за поднесување предлог-проекти за инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап" и „спин-оф" и за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Условите за аплицирање, обрасците за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог-проектите се детално образложени во целосниот текст на повикот достапен на веб-страницата на Фондот за иновации и технолошки развој. Крајниот рок за аплицирање е 03.05.2017 година.

Empty image

bootcamp golemaЦентарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Knowledge Center организираат Буткамп за Иновации за млади иноватори и претприемачи кој ќе се одржи од 01.03.2017 – 05.03.2017 година во Дојран.

Empty image

bootcamp golemaБизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП за прв пат ќе организира камп за млади иноватори и претприемачи насловен како "Иновациски Буткамп" . Кампот ќе се одржи на територијата на општина Дојран на почетокот од месец март.

Empty image

DSC 0579На 21 декември 2016 година во х.Сириус во Струмица беше организиран промотивен настан за презентација на ИПАРД 2 Програмата 2014-2020 насловена како "Европски можности за македонското земјоделство".