ОПШТИНА ВАСИЛЕВО

КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА

Територијата на општината Василево го зафаќа северозападниот дел од Струмичкото Поле, опфаќајќи го средишното сливно подрачје на реката Струмица. Во општината Василево преовладува младата популација и работоспособното население, што е многу важен предуслов за секаков вид развој на општината. Во правец на северозападниот срт на Огражден се наоѓа водената акумулација Турија и регионалната депонија за цврст комунален отпад. Аграрната површина на општината Василево изнесува 16.091 ха, од кои 6.773 ха (42,1%) се обработливо земјиште, 1.082 ха (11,2%) се пасишта, додека 7.516 ха (46,7%) се шуми.

Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на Општина Василево го сочинуваат следниве 18 населени места: Василево, Ангелци, Варварица, Висока Маала, Владевци, Градашорци, Доброшинци, Дукатино, Едрениково, Нова Маала, Пиперево, Радичево, Седларци, Сушево, Требичино, Чанаклија, Кушкулија и Нивичино.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Седиште на општината

Василево

Адреса на седиштето

с. Василево бб 2411 Василево

Локација (ширина – должина)

N 41° 31' E22° 38'

Контакт

Tel. +389 (0)34 354-444; fax +389 (0)34 353-007

Eлектронска пошта

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Интернет-страница

www.opstinavasilevo.gov.mk

Надморска височина

234 м.н.в.

Територија

331 km2

Население

12.122

Ден на општината

16 декември (ден кога е конституиран првиот совет)

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ

Табела 4.8. Сообраќајни врски

Автопати, експресни и магистрални патишта

Директен пристап на магистрален патен правец А4

 

Регионални патни правци што поминуваат низ општината

Р1403

Оддалеченост на општината од аеродроми (км)

„Александар Велики“ – Скопје

129 км

„Свети Апостол Павле“ – Охрид

267 км

Аеродром Солун, Грција

156 км

Аеродром Софија, Бугарија

247 км

Оддалеченост на општината од железница

Железничка станица Гевгелија

57 км

Железничка станица Миравци

63 км

Железничка станица Штип

63 км

Оддалеченост на општината од пристаниште (км)

Пристаниште Солун, Грција

133 км

Пристаниште Драч, Албанија

431 км

Пристаниште Бургас, Бугарија

581 км

Оддалеченост на општината од гранични премини (км)

Грција

55 км

Бугарија

36 км

Србија

160 км

Косово

166 км

Албанија

285 км

Оддалеченост на општината од поважни градови (км)

Скопје

147 км

Солун

133 км

Софија

243 км

Белград

548 км

Загреб

936 км

Истанбул

719 км

Виена

1.156 км

Будимпешта

920 км

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ

Население: 12.122 жители (попис на населението 2002 година).

Полова структура: 6.339 мажи, 5.783 жени.

Етничка структура на населението: 82,15% Македонци, 17,28% Турци, 0,5% други.

Возрасна структура на населението (2014 година)

Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Василево

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Активно и пасивно население

Број на невработени лица: 1.784 (состојба на 31.11.2015 година)

Образовни институции: На територијата на општината има две основни училишта.

Слика 4.11. Невработени лица – Василево

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Возрасна структура на невработените

Графикон: Активни баратели на работа - Василево

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Графикон: Пасивни баратели на работа - Василево

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Образовна структура на невработените

Невработени лица според образование

Вкупно

Мажи

Жени

Доктори на науки

     

Магистри на науки

1

1

0

Високо образование

27

4

23

Више образование

9

6

3

Завршено средно образование

298

132

166

Непотполно средно образование

171

98

73

Основно образование и без образование

1.278

87

458

Вкупно

1.784

328

723

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

Број на активни деловни субјекти: 185.

Графикон: Активни деловни субјекти по години - Василево

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Доминантни индустрии: земјоделство, транспорт, текстилна индустрија.

Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Василево

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Главни компаративни предности на општината: идеални локации за развој на индустрии покрај магистралниот пат А4, природно богатство со вода (брана Турија), производство на земјоделски и овошни производи, регионална депонија на југоисточниот регион.

Најзначајни локални претпријатија: „Мис Стон“ (угостителска дејност); „Дијагонала“ (продажба на санитарија); „Цоби енд“ (продажба на ламинати); „Нипром“, „11 Септември“ (дрвна индустрија); „Евромак“ (откуп на земјоделски производи).

Најзначајни странски инвеститори: „Аса Интернационал“ – Австрија, управување со отпад – концесионер на првата регионална депонија во Република Македонија.

Минерални ресурси: вар, каменоломи (неминерални суровини).

Туризам и угостителство: еден хотел, еден ресторан и еден ноќен клуб.

ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Во општината Василево идентификувана е Индустриската зона „Градашорци“, што се наоѓа на одлична местоположба, во близина на магистралниот патен правец А4.

Општински поволности за инвестирање во индустриските зони: Советот на општината, на барање на инвеститор, може да донесе одлука за утврдување на посебни поволности за одредена конкретна инвестиција.