ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Република Македонија нуди низа предности за потенцијалните инвеститори:
СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ПАЗАРИ
Македонија ја има во голема мера либерализирано надворешнотрговската политика и има потпишано разни билатерални договори што им овозможуваат на локалните производители слободен пристап до пазарот на Европската унија и други пазари, што ја прави Република Македонија висококонкурентна производствена и извозна платформа. Преку три мултилатерални (Договорот за стабилизација и асоцијација, ЕФТА и ЦЕФТА) и два билатерални договора за слободна трговија (со Турција и Украина) се обезбедува бесцарински пристап до пазар од над 650 милиони корисници.
НИСКИ ДАНОЦИ
Инвеститорите во Македонија имаат корист од многу поволната даночна политика, со една од најниските даночни стапки во Европа (рамен корпоративен и персонален данок на доход со стапка од 10%, како и данок од 0% на задржана добивка). Освен тоа, Македонија има неколку инвестициски и развојни зони со даночни исклучувања на корпоративните профити во период до десет години, за нови вработувања, ДДВ, царински давачки и други олеснувања.
НИСКИ ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ
Република Македонија е една од најконкурентните локации во Европа во однос на оперативните трошоци.
ОДЛИЧНА ГЕОСТРАТЕШКА ПОЛОЖБА
Потенцијалните инвеститори можат да имаат придобивки од добрата стратешка географска положба на Република Македонија, која се наоѓа на крстопатот на два главни европски транспортни коридора (Коридорот X и Коридорот VIII). Имајќи го предвид ова, стоките реално можат да се испорачаат во рок од еден ден до земјите во Централна и Источна Европа, како и Турција, односно максимално два дена во земјите од Западна Европа.
БРЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ
Едношалтерски систем за регистрација на компанија во рок од 4 часа.
ОДЛИЧНА ИНФРАСТРУКТУРА
Национална инфраструктура за безжичен интернет, дигитален телекомуникациски систем, разгранета мрежа на автопати, два меѓународни аеродроми со редовни авионски врски со главните европски центри.
ПРИСПОСОБЛИВ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ
Универзитети што се подготвени да соработуваат со инвеститорите во обезбедување на потребите во однос на потребните вештини.
ОДЛИЧНИ ВЕШТИНИ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ
Голем број од жителите на Република Македонија зборуваат англиски јазик, а францускиот и германскиот јазик се вклучени во образовниот систем, додека регионалните јазици значително се користат во секојдневното деловно работење.
ДОСТАПНА И КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛА
Македонија има млада (42% на возраст под 30 години), образувана и висококвалификувана работна сила со силна работна етика и искуство во индустријата.
ПОЛИТИЧКА, МОНЕТАРНА И МАКРОЕКОНОМСКА СТАБИЛНОСТ
Македонија нуди стабилно монетарно опкружување со една од најниските стапки на инфлација во регионот и стабилна валута (денар).
ЗЕМЈА-КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО
Република Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ и НАТО.