ПРОФИЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЕКОНОМИЈА
РАЗВОЈНИ ТРЕНДОВИ
Република Македонија стратешки работи на економскиот развој и креирањето поволен економски амбиент. Долгогодишната макроекономска стабилност и ниската инфлација, што во просек изнесува 2% во последните десет години, земјата има балансирани јавни финансии со низок буџетски дефицит и стабилен девизен курс. Во изминатите години спроведени се низа реформи во делот на пазарот на труд, како и активни мерки за вработување, со што невработеноста се намали од 36 на 25%. Основните економски показатели за Република Македонија се дадени во Табела 1.1.
Овие резултатите ја вброија земјата помеѓу најголемите реформатори во светски рамки. Според извештајот на Светска банка „ Doing Business 2016“, Македонија е рангирана на 12-тото место на светската ранг-листа според леснотија во бизнис-работењето, со пораст од 41 место во однос на 2012 година.Македонија е рангирана на прво место во однос на овој индекс (леснотија во бизнис-работењето) во споредба со 25 економии на Европа и централна Азија.
Според Глобалниот индекс на конкурентност на Светскиот економски форум „ Global Competitiveness Index of the World Economic Forum“ за 2015-2016 година, Македонија е во категоријата на економии кај кои ефикасноста го движи порастот и се наоѓа на 60-тото место, со подобрување на рангот од 20 места, во споредба со извештајот 2012-2013 година. Во извештајот за 2015-2016 година, Македонија се наоѓа во првите десет најконкурентни европски економии во развој .
Според Агенцијата за кредитен рејтинг „Standard and Poor’s“, кредитниот рејтинг на Македонија на крајот на 2013 година изнесува ББ-/стабилен/Б.
Табела 1.1. Економија низ бројки |
|||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
2009 |
2010 |
2011 |
2012 |
2013 |
2014 |
2015 |
|
БДП стапка на пораст (%) |
-0,4 |
3,4 |
2,3 |
-0,5 |
2,9 |
3,5* |
3,2* |
БДП по глава на жител (евра) |
3300 |
3459 |
3665 |
3680 |
3948 |
4126* |
|
Инфлација (%) |
-1,6 |
3,0 |
2,8 |
4,7 |
1,4 |
-0,5 |
-0,5* |
Стапка на невработеност (%) |
32,2 |
32,1 |
31,4 |
31,0 |
29,0 |
28,0 |
25,5* |
Трговска размена (милиони евра) |
-1699,8 |
-1602,2 |
-1838,0 |
-1946,7 |
-1748,1 |
-1762,0 |
|
Извоз на стоки ф.о.б (милиони евра) |
1937,0 |
2534,9 |
3214,9 |
3124,0 |
3235,2 |
3723,0 |
|
Увоз на стоки ф.о.б. (милиони евра) |
3636,8 |
4137,1 |
5052,9 |
5070,6 |
4983,3 |
5485,0 |
|
Странски директни инвестиции (милиони евра) |
136,9 |
156,9 |
344,6 |
131,1 |
229,4 |
197,4 |
|
Бруто јавен долг процент од БДП |
55,9 |
57,8 |
64,2 |
68,2 |
64,3 |
70,2 |
70,4* |
* Податоци за втор или трет квартал за 2015 година Извор: Народна банка на РМ (2015) |
СТРАТЕШКИ ИНДУСТРИИ
Стратешки индустриски сектори во Република Македонија се: земјоделството, индустријата за преработка на храна, металургијата, текстилната индустрија, производството на автомобилски делови, градежништвото, хемиската индустрија, информатичките технологии.
Земјоделството е еден од најзначајните сектори во македонската економија, претставувајќи 10,1% од БДП во 2014 година. Производството на свежи и квалитетни земјоделски производи е одлична основа за развој на индустријата за преработка на храна. Прехранбената индустрија има силна репутација во однос на квалитетот на производите и одличен пробив кон регионалните пазари, а и пошироко. Најзастапени македонски производи се овошјето, зеленчукот, виното, овчото и козјото сирење. Учеството на прехранбената индустрија во индустриското производство е 11,75% во 2014 година, опфаќа 23.704 вработени или 3,33% од вкупните вработувања во индустријата на земјата.
Геолошката структура на земјиштето богата со суровини и минерали е основа за добро развиената металургијата,која опфаќа 11,59% од индустриското производство. Основни извори на ресурси на оваа индустриска гранка се рудниците на олово, цинк, бакар, железо, никел и феро-силициум. Развојот на металургијата претставува основа за развој на целата индустрија и е значаен двигател на економскиот развој, вработувајќи околу 15.252 лица.
Постојната традиција и висококвалификуваниот кадар овозможија индустријата за производство на автоделови да продолжи да се развива непречено. Производството на автомобилски компоненти, што почна уште од 1960 година за српската компанија „Застава“, во последните години се репрофилира и се осовремени со влегувањето на странските инвеститори, како што се „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“, „Ван Хол“, „Драксмајлер“, „Кемет“, „Амфенол“ и други што инвестираа во отворање производствени капацитети во слободните индустриски зони. Деловите произведени во Македонија се пласираат на пазарите во Европа, Русија, Турција, Африка итн.
Текстилната индустрија е уште една традиционално развиена гранка, што придонесува кон БДП од индустријата со 17%. Македонскиот текстил е високо ценет и препознатлив производ на светскиот пазар. Расположливите текстилни капацитети ја имаат потребната инфраструктура, модерна технологија и квалификуван кадар. Текстилната индустрија вработува 35% од вкупните вработувања во индустријата и учествува во извозот со извоз 17% (податоци за 2014).
Најновата и најбрзо растечка индустриска гранка е во сферата на информатичката технологија. Во чекор со глобалните трендови, македонскиот телекомуникациски пазар се развива рапидно, особено во сегментот на мобилната телефонија. Законот за електронски комуникации, што стапи во сила кон средината на 2005 година, е хармонизиран со регулативата на ЕУ, обезбедува стабилна и конзистентна регулација на комуникацискиот сектор и целосна либерализација на пазарот со цел привлекување инвестиции од домашни и странски оператори. Во 2014 година, оваа индустрија вработува 13.579 и учествува со 3,4% во БДП.
ТРГОВСКА РАЗМЕНА
-
Република Македонија има високо ниво на трговска либерализација, што е производ на:
-
Членството во Светската трговска организација (СТО) од 2003 година;
-
Членството во ЦЕФТА – Договорите за слободна трговија со Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска;
-
Договори за слободна трговија со Турција и Украина, како и со земјите на ЕФТА;
-
Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ од април 2001 година, што ѝ дава на Македонија слободен пристап на европските пазари;
Како член на СТО, Македонија е обврзана да ги почитува трите основни правила во спроведувањето на трговската размена: (1) транспарентност на законите, (2) еднакви права и привилегии за домашните и странските компании и граѓани, и (3) принципот на најфаворизирана нација. Законот за царина е целосно усогласен со царинските системи воведени од страна на СТО и со комбинираната номенклатура на Европската унија.
Во периодот 2009-2014 година, македонската економија бележи удвојување на извозот, но и значително зголемување на увозот – Табела 1.1. Фактот дека трговската нето-размена не се менува укажува дека извозот расте со поголема стапка на годишен пораст и оттука на среден рок може да се очекува значително подобрување на трговската размена.
Главни извозни производи од Република Македонија се автомобилските делови, фероникел, нафтени масла и преработки, машини и апарати, производи од железо и челик, тутун, текстилни производи, вино, лекови, овошје, зеленчук, конзервирана храна. Главни извозни партнери се: Германија, Велика Британија, Србија, Грција, Бугарија, Италија, Кина. Турција, Романија. Доминираат земјите од ЕУ28.
Главни увозни производи се платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Главни увозни партнери: Велика Британија, Германија, Бугарија, Италија, Србија, Кина, Руската Федерација, Украина, Хрватска, Словенија.
СООБРАЌАЈНА МРЕЖА
Слика 1.1. Местоположба на Р. Македонија |
Република Македонија е континентална земја со стратешка местоположба на крстопатот на двата најголеми паневропски коридора (Коридорот 8 и Коридорот 10), што ја поврзуваа централна Европа со Јадранското, Егејското и Црното Море. Соседните земји на Република Македонија се потенцијален пазар од околу 30 милион луѓе, додека целата јужна Европа, како пазар, покрива население од 80 милиони.
Македонија поседува широка сообраќајна мрежа од автопати и регионални патишта. Оваа мрежа е добро испланирана и квалитетна.
Во Република Македонија вкупната должина на патната мрежа изнесува 14.182 km, од кои 242 km се класифицирани како автопатишта, 911 km се магистрални патишта, 3.771 km регионални, а 9.258 km се локални патишта.
Должината на железничките пруги во Република Македонија изнесува 696 километри. Главната север-југ конекција од Белград до пристаништето во Солун поминува преку Македонија. Во 2015 година беа направени дополнителни инвестиции во железничкиот сообраќај преку купувањето на современи возови од НР Кина.
Македонскиот аеродромски систем го сочинуваат два аеродрома за меѓународен воздушен сообраќај („Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид), пет спортски аеродроми со тревнати полетно-слетни патеки (Скопје-Стенковец, Куманово, Штип, Битола и Прилеп) адекватни за сите типови на спортска авијација и шест леталишта за авиони на стопанска авијација од кои се вршат услуги претежно за земјоделството и шумарството (во употреба е само едно).
ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
Република Македонија поседува добро развиена телекомуникациска мрежа со телегустина што соодветствува со просечната во регионот – 20 линии на популација од 100. Поранешниот „Македонски Телеком“, компанија што држеше монопол на пазарот беше приватизирана во 2001 година преку продажба на „Маѓар Телеком“. Постојат два мобилни оператора кои се активни на пазарот: „Т-мобиле“ Македонија (подружница на „Македонски Телекомуникации“) и ВИП (подружница на „Мобилком“ Австрија). Мобилната мрежа покрива 99% од населението со пенетрација повисока од 100%.
Согласно регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и податоци, бројот на оператори на јавни електронски комуникациски мрежи што обезбедуваат услуги преку кабелска инфраструктура изнесува 54. Дополнително, има три оператори кои обезбедуваат услуги преку IPTV-платформи, еден оператор што обезбедува услуга преку DVB-T-платформа и еден оператор што обезбедува услуга преку DVB-S-платформа. (Извор http://www.avmu.mk/ – Агенција за аудиовизуелни медиумски услуги – ажурирано на 27.11.2015).
Република Македонија интензивно ги следи тековите на дигиталната економија. Законот за податоци во електронска форма, како и дигиталниот потпис се усвоени во 2001 година, додека во последниот период сите закони се модифицирани за да овозможат користење на електронскиот потпис.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, 69,4% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за еден процентен поен повеќе во споредба со истиот период од 2014 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства е зголемено од 67,7% во 2014 година, на 69,0% во 2015 година. Речиси сите (99,5%) од домаќинствата со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.
Во првото тримесечје од 2015 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 69,2%, a интернет користеле 70,4%. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 94,7%. Од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2015 година 71,2% употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93,5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59,1% од деловните субјекти.
Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: нотбук, лаптоп, смартфон, PDA-фон итн.), за деловна намена, користеле 11,4% од вработените во деловните субјекти. Половината (49,8%) од деловните субјекти користеле социјални медиуми (на пример, „Фејсбук“, „Линкдин“, „Твитер“, „Презент.ли“, „Јутјуб“, „Фликер“, „Пикаса“, Вики-алатки итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум.
Околу 52% од деловните субјекти имале интернет-страница или почетна страница, од нив, 79% на интернет-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 40,2% имале наведено линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 16,4% обезбедиле онлајн-нарачување, резервирање. Од деловните субјекти, 17,7% имале ERP – софтверски пакет за електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект, а 21,6% употребувале софтверска апликација за управување или анализа на информациите за клиентите, т.н. CRM.
Во текот на 2014 година, 7,7% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 3,6%, а е-купувања имале 5,9% од деловните субјекти.
ЕНЕРГИЈА
Република Македонија се стреми да стане самоодржлива кога станува збор за електричната енергија. Вкупното годишно производство на електрична енергија се движи во рамките на 6.000 GWh и најмногу доаѓа од термалните и хидроелектричните извори. Ова производство покрива 65% од домашните потреби за електрична енергија. Во согласност со европските политики, Државната компанија за производство на електрична енергија се подели во четири независни единици: две за создавање, една за трансмисија и една за дистрибуција на електрична енергија. Компанијата за дистрибуција беше приватизирана во 2006 година, кога 90% од акциите беа продадени на австриската ЕВН.
Капацитетите за генерација на електрична енергија сè уште се во доминантна сопственост на државата со мали приватни инвестиции во изминатиот период.
Капацитетите за генерација на електрична енергија сè уште се во доминантна сопственост на државата со мали приватни инвестиции во изминатиот период.