ПРОФИЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И ВЛАДЕЕЊЕ

 

Република Македонија беше примена во ОН во 1993 година, стана член на Советот на Европа во септември 1995 година, додека во ноември 1995 година влезе во програмата Партнерство за мир на НАТО.

Во јануари 1996 година, Република Македонија воспостави дипломатски односи со Европската унија, со која во 2001 година ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Република Македонија е член на Светската банка од 1999 година и член на Асоцијацијата за Меѓународен развој од 1993 година. Во 2003 година, Македонија стана член на Светската трговска организација (СТО). Република Македонија исто така е член на: ЦЕИ, ЕБРД, ФАО, ИАЕА, ИБРД, ИФЦ, ИМФ, Интерпол, ИОЦ, ИОМ (observer), ИСО, ОБСЕ, УНЦТАД, УНЕСКО и многу други меѓународни организации.

ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ И ВЛАДЕЕЊЕ

Македонија е република со повеќепартиска парламентарна демократија и политички систем поделен на законодавна, извршна и судска власт.

Законодавна власт

Собрание

Еднокоморен парламент

Составен од 123 пратеници избрани според пропорционален систем на мандат од четири години.

Донесува закони, го усвојува буџетот, ги избира членовите на Владата и други функции од извршната и судска власт, ратификува меѓународни договори, донесува одлука за војна.

Извршна власт

Претседател на републиката

Избран наопшти и непосредни избори, со мандат од пет години.

Претседателот ја претставува Републиката и ја извршува функцијата Врховен командант на вооружените сили.

 

Судска власт

Уставен суд

Орган на Републиката што ја штити уставноста и законитоста.

Локална власт

84 општини во кои се избираат совети и градоначалници! Поседуваат законодавна и извршна функција на локално ниво.

Претседател на Владата на Република Македонија

Лидер на партијата или коалицијата што успеала да освои најмногу пратенички мандати, номиниран од Претседателот, а избран од Собранието.

Влада

Кабинет на министри кои ги предлага Претседателот на Владата, а ги избира Собранието на РМ со мнозинство на гласови.

Владата предлага закони, буџетот на Републиката и друга законска регулатива што се усвојува во Собранието; ги определува политиките за извршување на законите и другите регулативи на Собранието и е одговорна за нивното спроведување.

Врховен суд

Највисок суд во Република Македонија што го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите.

Апелација

Три суда за апелација според региони.

Решаваат по жалби против одлуките на основните судови.

Основни судови

27 основни судови што одлучуваат по граѓански и кривични случаи.