ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

 
ВОВЕД

Југоисточниот регион се протега на крајниот југоисточен дел на Република Македонија и го опфаќа подрачјето на струмичко-радовишката и гевгелиско-валандовската котлина, односно долината на реката Струмица и долниот тек на реката Вардар. Регионот во целост ги опфаќа споменатите котлини и масивите на планините Беласица на југ, Огражден на исток, Плачковица на север, Срта во централниот дел и источната страна на Кожуф Планина. Долините на реките Вардар и Струмица овозможуваат комуникациско поврзување на регионот со соседните земји, Република Грција на југ и Република Бугарија на исток, а на север и запад со источниот и вардарскиот регион.

Вкупно десет општини го сочинуваат југоисточниот плански регион: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Oпштина Радовиш и Општина Струмица. Според податоците за 2014 година, во регионот живеат 8,4% од вкупното население во Република Македонија. Регионот има вкупна површина од 2.835 км2, односно 10,9% од вкупната површина на државата, со густина на населеност од 63,2 жители на км2.

Слика 3.1. Југоисточен регион на Република Македонија

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Табела 3.1. Основни податоци за општините во југоисточниот регион

Општина

Население

(Попис 2002)

Површина

(ха)

Населени места

Општина Богданци

8.707

11.438

4

Општина Босилово

14.260

15.000

16

Општина Валандово

11.890

33.140

29

Општина Василево

12.122

22.100

18

Општина Гевгелија

22.988

48.343

17

Општина Дојран

3.426

13.200

13

Општина Конче

3.536

22.370

14

Општина Ново Село

11.567

25.000

16

Oпштина Радовиш

28.244

68.000

36

Општина Струмица

54.676

32.149

25

ВКУПНО

171.416

290.740

188

Извор: Завод за статистика (2015)

Богатата хидрографска мрежа, големиот број сончеви денови, климатското поднебје и поволните педолошки услови го карактеризираат регионот како претежно земјоделски. Квалитетното и обемното производство на раноградинарски култури, свеж зеленчук и овошје, како и индустриски земјоделски култури, овозможуваат развој на конзервно-преработувачката индустрија на земјоделски производи, по што овој регион е препознатлив.

Во последните години е забележлив тренд на пораст на туризмот како стопанска гранка, преку зголемувањето на бројот на сместувачки капацитети, туристи и ноќевања во регионот. Ова најмногу се должи на ревитализацијата и искористувањето на Дојранското Езеро како туристички потенцијал.

РЕГИОНОТ ВО БРОЈКИ

Табела 3.2. Основни податоци за jугоисточниот регион

Број на општини

10

Број на населени места

188

Вкупно население, Попис 2002

171.416

Процена на населението, 2014

173.522

Густина на населеност, 2014

63,4

Вкупен број на живеалишта, Попис 2002

59.499

Просечен број на членови на домаќинството, Попис 2002

3,4

Живородени, 2014

1.888

Умрени, 2014

1.764

Природен прираст, 2014

124

Доселени од други држави, 2014

275

Отселени во други држави, 2014

25

Стапка на писменост на населението на возраст над 10 години, Попис 2002

96,0

Стапка на активност, 2014

66,9

Стапка на вработеност, 2014

52,9

Стапка на невработеност, 2014

20,8

Просечна исплатена бруто-плата по вработен, 2014

24.482

Просечна исплатена нето-плата по вработен, 2014

16.729

Број на основни училишта, 2014/2015

119

Број на средни училишта, 2014/2015

8

Запишани ученици во основното образование, 2014/2015

14.276

Запишани ученици во средното образование, 2014/2015

6.098

Број на дипломирани студенти, 2014

751

Број на активни деловни субјекти, 2014

5.969

Број на новосоздадени претпријатија, 2013

509

Број на згаснати претпријатија, 2011

477

БДП по жител, 2012

252.278

Број на легла, 2014

6.277

Број на туристи, 2014

124.707

Број на ноќевања, 2014

401.065

Број на изградени станови, 2014

349

Вредност на извршените градежни работи, 2014, во илјади денари

1.515.367

Број на издадени одобренија за градење, 2014

224

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.