ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА

Во југоисточниот дел на Република Македонија, од левата страна на реката Вардар, меѓу Демиркаписката Клисура, планината Плавуш и на југ алувијалната рамнина на реката Вардар, се протега општината Валандово. Општината Валандово се граничи со општините Богданци, Гевгелија, Дојран, Струмица, Демир Капија и Конче. Преку планинскиот дел се граничи со Република Грција. Според надморската височина, оваа општина е една од најниските во државата, со просечна надморска височина од 226 метри. Градот во времето на Византија бил познат како Микро Константинопол (Мал Цариград). Името Валандово доаѓа од старословенскиот јазик и значи „убава долина“.

Во поново време Валандово е познат како град на калинката и град на убавата новосоздадена македонска песна. Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на Општина Валандово го сочинуваат градот Валандово и следниве 28 населени места: Ајранли, Аразли, Бајрамбос, Балинци, Баракли, Башали, Башибос, Брајковци, Булунтули, Вејсели, Градец, Грчиште, Дедели, Ѓулели, Јосифово, Казандол, Кочули, Марвинци, Пирава, Плавуш, Прстен, Раброво, Собри, Татарли, Терзели, Удово, Чалакли и Честево.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Седиште на општината

Валандово

Адреса на седиштето

Ул. „Иво Лола Рибар“, бб, 2460 Валандово

Локација (ширина – должина)

N 41° 19' 022° 33'

Контакт

Tel. +389 (0)34 382-007; Fax. +389 (0)34 382-044

Eлектронска пошта

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Интернет-страница

www.valandovo.gov.mk

Надморска височина

226 м.н.в.

Територија

331 km2

Население

11.890

Ден на општината

6 ноември (ослободување на Валандово)

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ

Табела 4.6. Сообраќајни врски

Автопати, експресни и магистрални патишта

Директен пристап Автопат А1

 

Регионални патни правци што поминуваат низ општината

Р1102; Р1401, Р1105

Оддалеченост на општината од аеродроми (км)

„Александар Велики“ – Скопје

122 км

„Свети Апостол Павле“ – Охрид

235 км

Аеродром Солун, Грција

124 км

Аеродром Софија, Бугарија

259 км

Оддалеченост на општината од железница

Железничка станица Гевгелија

25 км

Железничка станица Миравци

15 км

Железничка станица Штип

89 км

Оддалеченост на општината од пристаниште (км)

Пристаниште Солун, Грција

101 км

Пристаниште Драч, Албанија

399 км

Пристаниште Бургас, Бугарија

593 км

Оддалеченост на општината од гранични премини (км)

Грција

27 км

Бугарија

48 км

Србија

154 км

Косово

160 км

Албанија

253 км

Оддалеченост на општината од поважни градови (км)

Скопје

141 км

Солун

101 км

Софија

256 км

Белград

542 км

Загреб

930 км

Истанбул

687 км

Виена

1.150 км

Будимпешта

914 км

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ

Население: 11.890 жители (попис на населението 2002 година).

Полова структура: 6.139 мажи, 5.751 жени.

Етничка структура на населението: 82,67% Македонци, 11,21% Турци, 5,27% Срби, 0,74% други.

Возрасна структура на населението (2014 година)

Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Валандово

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Активни и пасивни баратели на работа

Број на невработени лица: 1.071 (состојба на 31.11.2015 година).

Образовни институции: На територијата на општината има едно средно училиште и две основни училишта.

Слика 4.8. Невработени лица – Валандово

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Возрасна структура на невработените

Графикон: Активни баратели на работа - Валандово

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Графикон: Пасивни баратели на работа - Валандово

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Образовна структура на невработените

Невработени лица според образование

Вкупно

Мажи

Жени

Доктори на науки

     

Магистри на науки

2

0

2

Високо образование

92

41

51

Више образование

7

6

1

Завршено средно образование

294

169

125

Непотполно средно образование

116

83

33

Основно образование и без образование

560

87

197

Вкупно / Total

1.071

386

409

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

Број на активни деловни субјекти: 357.

Графикон: Активни деловни субјекти по години - Валандово

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Доминантни индустрии: земјоделство (производство на тутун), прехранбена индустрија, текстилна индустрија, дрвно-преработувачка индустрија, транспорт и градежна индустрија.

Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Валандово

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Главни компаративни предности на општината: близина до граничните премини со Република Грција и Република Бугарија, поволни климатски услови и поволни услови за инвестирање.

Најзначајни локални претпријатија: Визба „Валандово“ (преработка на полупроизводи и готови производи од грозје), Еко оранжерии „Анска Река“ (производство на раноградинарски производи), „Агрипро“ (живинарство), Млекара „Вардарец“ с. Удово (производство на млеко и млечни производи).

Најзначајни странски инвеститори: „Агрокор“, Хрватска (откупен центар).

Минерални ресурси: вар, каменоломи (неминерални суровини).

Туризам и угостителство: еден хотел, осум ресторани, пет кафетерии и три ноќни клубови.

ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Во општината Валандово идентификувана е Индустриската зона „Раброво“, што се наоѓа на одлична местоположба и целосно е во приватна сопственост. Во оваа индустриска зона се определени 48 парцели.

Општински поволности за инвестирање во индустриските зони: Намалување на надоместокот за уредување на градежно земјиште во зависност од бројот на новоотворени работни места со обврска да се одржува бројот на вработувањата во период од пет години (5-20 вработувања – 25%, 21-50 вработувања – 50%, 51-100 вработувања – 75%, над 100 вработувања – 100%).