ОПШТИНА СТРУМИЦА

КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА

На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓата на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција, сместена е плодната струмичка котлина, а во нејзиниот западен дел и истоимената општина Струмица. Околу 230 сончеви денови, поволна клима, лековита вода и многу природни реткости ја карактеризираат оваа општина. Струмица е економски и културен центар на југоисточна Македонија, која последните години од земјоделско прерасна во аграрно-индустриско подрачје.

Историски, од Астраион, преку Тивериопол, па сè до Струмица, материјалното и духовното богатство на овој град постојано се зголемувало. Цареви кули, заедно со локалитетите Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, Орта Џамија, доцноримското лекувалиште во Банско, манастирските комплекси во Водоча и Вељуса го заслужуваат должното внимание од секој случаен или намерен посетител на Струмица. Општината во својата работа ги има воведено меѓународниот стандард за управување ISO 9001:2008 и меѓународниот стандард за управување со околината ISO 14001:2004. Општина Струмица има Б1 кредитен рејтинг издаден од меѓународната кредитна агенција „Moody’s“.

Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на Општина Струмица го сочинуваат градот Струмица и следниве 24 населени места: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиља, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино, Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три Води и Чепели.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Седиште на општината

Струмица

Адреса на седиштето

Ул. „Сандо Масев“, бр. 1

Локација (ширина – должина)

N 41° 26 E 22° 38'

Контакт

Tel. +389 (0)34 348-030;fax +389 (0)34 320-544

Eлектронска пошта

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Интернет-страница

www.strumica.gov.mk

Надморска височина

239 m

Територијa

321,89 km2

Население

54.676

Ден на општината

11 декември (Ден на заштитниците на градот)

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ

Табела 4.27. Сообраќајни врски

Автопати, експресни и магистрални патишта

Индиректен пристап на автопат А1 преку регионален патен правец Р1401; директен пристап на магистрален патен правец А4.

Регионални патни правци што поминуваат низ општината

Р1302, Р1401, Р1402, Р1403, Р2432, Р2434

Оддалеченост на општината од аеродроми (км)

„Александар Велики“ – Скопје

132 км

„Свети Апостол Павле“ – Охрид

258 км

Аеродром Солун, Грција

147 км

Аеродром Софија, Бугарија

237 км

Оддалеченост на општината од железница

Железничка станица Гевгелија

48 км

Железничка станица Миравци

38 км

Железничка станица Штип

66 км

Оддалеченост на општината од пристаниште (км)

Пристаниште Солун, Грција

124 км

Пристаниште Драч, Албанија

422 км

Пристаниште Бургас, Бугарија

572 км

Оддалеченост на општината од гранични премини (км)

Дојран – Грција

46 км

Богородица – Грција

50 км

Ново Село – Бугарија

27 км

Табановце – Србија

163 км

Блаце – Косово

169 км

Ќафасан – Албанија

270 км

Оддалеченост на општината од поважни градови (км)

Скопје

150 км

Солун

124 км

Софија

234 км

Белград

565 км

Загреб

953 км

Истанбул

710 км

Виена

1.173 км

Будимпешта

937 км

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ

Население: 54.676 жители (попис на населението 2002 година).

Полова структура на населението : 27.340 мажи, 27.336 жени.

Етничка структура на населението: 91,50% Македонци, 6,87% Турци, 0,34% Срби, 0,27% Роми, 0,62% други.

Образовни институции: Во општината дејствуваат десет основни општински училишта со 14 подрачни училишта со 5.645 ученици и три средни општински училишта со 4.053 ученици и едно приватно средно училиште „Јахја Кемал“. На територијата на општината работат и неколку високообразовни установи:

  • Државен универзитет „Гоце Делчев“ – Штип со дисперзирани студии од областа на земјоделството, информатиката, економијата и образовните науки;

  • Приватен универзитет ФОН со дисперзирани додипломски и постдипломски студии на следните факултети: Факултет за правни науки, Економски науки, Филолошки науки и Факултет за детективи и безбедност; и

  • Бизнис-академија „Смилевски“ со дисперзирани додипломски и постдипломски студии по оперативен менаџмент.

Возрасна структура на населението (2014 година)

Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Струмица

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Активни и пасивни баратели на работа

Број на невработени лица: 6.910 (состојба на 31.11.2015 година).

Слика 4.29. Невработени лица – Струмица

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Возрасна структура на невработените

Графикон: Активни баратели на работа - Струмица

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Графикон: Пасивни баратели на работа - Струмица

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Образовна структура на невработените

Невработени лица според образование

Вкупно

Мажи

Жени

Доктори на науки

2

1

1

Магистри на науки

26

13

13

Високо образование

451

155

296

Више образование

136

67

69

Завршено средно образование

1.517

643

874

Непотполно средно образование

977

549

428

Основно образование и без образование

3.801

87

1.494

Вкупно

6.910

1.515

3.175

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

Број на активни деловни субјекти: 2.394.

Графикон: Активни деловни субјекти по години - Струмица

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Доминантни индустрии: земјоделство, прехранбена индустрија, текстилна индустрија, дрвопреработувачка индустрија, градежништво, производство на градежни материјали.

Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Струмица

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Главни компаративни предности на општината: блискост и поврзаност до европските граници и пазари, достапност до природен гас, уредени индустриски зони, развиено стопанство, поволни климатски услови за развој на земјоделството, богато природно, културно и историско наследство, висок квалитет на живот.

Најзначајни локални претпријатија: АД за неметали „Огражден“ (неметални минерални суровини), АД „ИГМ Еленица“ (производство на тули од печена глина за градежништво), АД „Санкерам“ (производство на санитарна керамика), „Ников“ ДООЕЛ (производство на мебел), „Савело“ (производство на мебел), „Ал-мак“ ДООЕЛ (производство на тапациран мебел), „Изолмак фибран“ (производство на плочи и листови од пластични маси), АДПС „Единство“ (производство на облека), АД „Струмица табак“ (oткуп и ферментација на тутун), АД „Жито“ Струмица (производство и промет на мелнички производи), АД „Грозд“ Струмица (производство на дестилирани алкохолни пијалаци, безалкохолни пијалаци и газирана и негазирана вода од сопствен извор), „Маби трејд Дентина“ (преработка на зеленчук и овошје), „Агрокомерц“ (преработка на зеленчук и овошје), „Тргопродукт“ (преработка на зеленчук и овошје), „Агрофруктус“ (откупен дистрибутивен центар за зеленчук и овошје), „Ал Макс“ (производство на масло за јадење), ДТП „Макс“ ДООЕЛ (пакување на прашести и зрнести производи), ДПУТ „Јока“ ДОО (преработка на млеко и производство на млечни производи).

Најзначајни странски инвеститори: АД „Струмица Табак“ – откуп и ферментација на тутун (Грција); „Плодови Фруктус“ ДООЕЛ – откупен дистрибутивен центар за зеленчук и овошје (Хрватска); „Ал Макс“ – производство на масло за јадење (Турција).

Минерални ресурси: фелдспат (неминерална суровина).

Туризам и угостителство: десет хотели и мотели, 27 ресторани и пицерии, десет кафе-барови и два ноќни бара.

ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Во општината Струмица развиени се повеќе индустриски зони што имаат добро воспоставена инфраструктура и сигнализација. Општината се грижи за развојот и промоцијата на своите зони и соодветно на тоа има утврдено повеќе општински поволности што важат за сите индустриски зони.

Општински поволности за инвестирање во индустриските зони:

  1. Намалување на надоместокот за уредување на градежно земјиште во зависност од висината на инвестицијата, број на новоотворени работни места, користењето суровини од домашно потекло, производство на готов или полуготов производ, воведување на нова технологија, креирање на нови асортимани на производи и исполнувањето на еколошки стандарди;

  2. Логистичка поддршка за инвеститорите од општинската администрација при обезбедување на сите неопходни дозволи и одобренија; и

  3. Ефикасна општинска администрација што работи според меѓународниот стандард за квалитет ИСО 9001:2008 и меѓународниот стандард за управување со околината ИСО 14001:2004.