ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

ЕКОНОМИЈА

 
БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД

Во 2013 година, југоисточниот регион учествува со 9,2% во БДП на Република Македонија. Во споредба со просечниот БДП по жител на Република Македонија (индекс = 100), југоисточниот регион има индекс 109,6 и е на трето место по скопскиот регион, кој има индекс од 143,5 и вардарскиот регион со 110,6. Бруто домашниот производ по жител е 266.524 денари и е над просекот за Република Македонија – Табела 3.14.

Табела 3.14. Бруто домашен производ (во МКД)

 

Бруто домашен производ (во милиони денари)

Бруто домашен производ по жител (во денари)

Структура на бруто домашниот производ

Бруто домашен производ по жител МК = 100

Република Македонија

501.891

243.161

100,0

100,0

Вардарски

41.260

268.819

8,2

110,6

Источен

40.449

226.898

8,1

93,3

Југозападен

39.378

178.726

7,8

73,5

Југоисточен

46.211

266.524

9,2

109,6

Пелагониски

56.530

243.279

11,3

100,0

Полошки

37.735

118.672

7,5

48,8

Североисточен

26.613

151.462

5,3

62,3

Скопски

213.715

348.915

42,6

143,5

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Табела 3.15. Бруто-инвестиции во основни средства, по региони, 2013

 

Милиони денари

Структура (%)

Република Македонија

119.003

100,0

Вардарски

8.179

6,9

Источен

10.462

8,8

Југозападен

5.597

4,7

Југоисточен

6.390

5,4

Пелагониски

10.745

9,0

Полошки

7.558

6,4

Североисточен

2.482

2,1

Скопски

67.589

56,8

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Гледано по региони, според вкупните инвестиции во основни средства, југоисточниот регион се наоѓа на петтото место со учество од 5,4% (2013).

АКТИВНИ ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ

Слика 3.8. Активни деловни субјекти по број (2014)

{flashchart data="2009,2010,2011,2012,2013,2014/3142,3373,3961,4472,4183,4077|2837,3057,2235,1839,1825,1807|45,49,43,46,51,59|9,9,8,16,24,26" type="bar_simple" tooltip="#x_label#: #val#
>Total #total#" title="Активни деловни субјекти по години" height="300" dimension="" label_fontsize="11" x_label_rotate="40" x_step="1" legend="микро,мали,средни,големи" right_legend="0" bg_image="plugins/content/flashchart/images/pv_system.jpg"}sample04{/flashchart}

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активни деловни субјекти во 2014 година во југоисточниот регион изнесува 5.969 и претставува 8,4% од вкупниот број на активни деловни субјекти во Република Македонија, што изнесува 70.659. Речиси 85% од вкупниот број на активни деловни субјекти во југоисточниот регион отпаѓа на деловните субјекти со 1-9 вработени.

Слика 3.9. Активни деловни субјекти 2014

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Структурата на деловните субјекти по општини, како и доминантните индустрии дадени се за секоја од општините посебно.

Во југоисточниот регион, од вкупно 5.969 активни деловни субјекти, секторот трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли има најголем број на активни деловни субјекти (2.394); на второ место е секторот преработувачка индустрија со 694 деловни субјекти, додека на трето место е секторот транспорт и складирање со 596 активни деловни субјекти.

Слика 3.10. Активни деловни субјекти по број и сектор за ЈИР (2014)

{flashchart data="2014/318|12|694|278|2394|596|350" type="bar_simple" tooltip="#x_label#: #val#
>Total #total#" title="Активни деловни субјекти по години" height="300" dimension="" label_fontsize="11" x_label_rotate="40" x_step="1" legend="Земјоделство шумарство и рибарство,Рударство и вадење на камен,Преработувачка индустрија,Градежништво,Трговија на големо и мало - поправка на моторни возила и мотоцикли,Транспорт и складирање,Објекти за сместување и сервисни дејности со храна" right_legend="0" bg_image="plugins/content/flashchart/images/pv_system.jpg"}sample05{/flashchart}

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

ТРГОВСКА РАЗМЕНА

Деловните субјекти во југоисточниот регион оствариле извоз во вредност од 414,5 милиони американски долари, односно 7,7% од вкупниот извоз на Република Македонија од 4.934 милиони САД долари во 2014 година. Истовремено, увозот бил во вредност од 320 милиони долари, односно 4,4% од вкупниот увоз во Република Македонија во износ од 7.272 милиони долари. Според ова, деловните субјекти од југоисточниот регион оствариле суфицит во надворешнотрговската размена во 2014 година во износ од 94,3 милиони долари.

Слика 3.11. Надворешна трговија 2014

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.