ОПШТИНА БОГДАНЦИ
КРАТОК ОПИС НА ОПШТИНАТА
Општина Богданци го зафаќа просторот на крајниот јужен дел на Република Македонија, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки, општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на раноградинарски култури. Атарот на Богданци зафаќа површина од 6.700 ха, од кои под обработливи површини се 1.561,4 ха, пасиштата зафаќаат 2.107,7 ха, a на шумите отпаѓаат 2.719,5 ха. Општината Богданци се граничи со општините Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Република Грција. Според површината, се вбројува во помалите општини во земјата, но има најголема просечна густина на населеност од сите општини во југоисточниот регион (78 жители/км2).
Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на општината Богданци го сочинуваат следниве четири населени места: Богданци, Стојаково, Селемли и Ѓавото.
ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА БОГДАНЦИ
Седиште на општината |
Богданци |
Адреса на седиштето |
Ул. „Маршал Тито“, бр. 62, 1484 Богданци |
Локација (ширина – должина) |
N 41° 12’ E 22° 34’ |
Контакт |
Tel. +389 (0)34 222-333; fax. +389 (0)34 221-077 |
Eлектронска пошта |
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |
Интернет-страница |
|
Надморска височина |
65 м.н.в. |
Територија |
114 km2 |
Население |
8.707 |
Ден на општината |
10 октомври (ослободување на Богданци) |
СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Табела 4.1. Сообраќајни врски |
|
Автопати, експресни и магистрални патишта |
|
Индиректен пристап на автопатот А1 преку регионален патен правец |
Р1109 |
Регионални патни правци што поминуваат низ општината |
|
Р1109 |
|
Оддалеченост на општината од аеродроми (км) |
|
„Александар Велики“ – Скопје |
145 км |
„Свети Апостол Павле“ – Охрид |
258 км |
Аеродром Солун, Грција |
110 км |
Аеродром Софија, Бугарија |
278 км |
Оддалеченост на општината од железница |
|
Железничка станица Гевгелија |
10,6 км |
Оддалеченост на општината од пристаниште (км) |
|
Пристаниште Солун, Грција |
86,8 км |
Пристаниште Драч, Албанија |
422 км |
Пристаниште Бургас, Бугарија |
572 км |
Оддалеченост на општината од гранични премини (км) |
|
Грција |
6,3 км |
Бугарија |
67,4 км |
Србија |
177 км |
Косово |
183 км |
Албанија |
280 км |
Оддалеченост на општината од поважни градови (км) |
|
Скопје |
164 км |
Солун |
86,8 км |
Софија |
275 км |
Белград |
565 км |
Загреб |
953 км |
Истанбул |
673 км |
Виена |
1.173 км |
Будимпешта |
937 км |
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ
Население: 8.707 жители (попис на населението 2002 година).
Полова структура: 4.377 мажи, 4.330 жени.
Етничка структура на населението: 92,95% Македонци, 6,03% Срби, 0,4% други.
Возрасна структура на населението (2014 година)
Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Богданци
Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.
Пасивни и активни баратели на работа
Број на невработени лица: 407 (состојба на 31.11.2015 година).
Образовни институции: На територијата на општината има едно средно училиште и две основни училишта.
Слика 4.2. Пасивни и активни баратели на работа – Богданци
Извор: АВРМ, 2015.
Возрасна структура на невработените
Графикон: Активни баратели на работа - Богданци
Извор: АВРМ, 2015.
Графикон: Пасивни баратели на работа - Богданци
Извор: АВРМ, 2015.
Образовна структура на невработените
Невработени лица според образование |
Вкупно |
Мажи |
Жени |
Доктори на науки |
|||
Магистри на науки |
5 |
2 |
3 |
Високо образование |
44 |
19 |
25 |
Више образование |
8 |
3 |
5 |
Завршено средно образование |
103 |
48 |
55 |
Непотполно средно образование |
69 |
42 |
27 |
Основно образование и без образование |
178 |
87 |
87 |
Вкупно / Total |
407 |
201 |
202 |
ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА
Број на активни деловни субјекти во 2014 година: 288.
Графикон: Активни деловни субјекти по години - Богданци
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Доминантни индустрии: земјоделство, транспорт, преработувачка, текстилна индустрија. Бројот на деловни објекти во нив е прикажан на Слика 4.3а.
Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Богданци
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Главни компаративни предности на општината: еколошки чиста и здрава средина, погранично подрачје, близина до добро развиени транспортни мрежи.
Најзначајни локални претпријатија: „Бреботекс“, „Ноелплус“, „Бовекс“ (текстилна индустрија); „Софија“ Богданци (графички и печатарски услуги), Сточарство, „Агролозар“, „Вивипром“, „Баџо“, „Туран“, Оранжерии „Милбос“, „Екосто“ (земјоделство), „Риве транспорт“, „Шт“, „Рел-марк“, „Риве шпед“, „Пан-стоп“, „Транзит“ (транспорт).
Најзначајни странски инвеститори: „Таурус Фармс“ (Германија) – одгледување на јаболчесто и коскесто овошје.
Минерални ресурси: кварц, фелдспат, долерит (неминерални суровини).
Туризам и угостителство: еден хотел, шест ресторани и пицерии, шест кафе-барови и еден ноќен клуб.
ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
Во општината Богданци идентификувана е една индустриска зона „Откупно дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција“.
Општински поволности за инвестирање во индустриските зони: Намалување на надоместокот за уредување на градежно земјиште во зависност од бројот на новоотворени работни места со обврска да се одржува бројот на вработувањата во период од пет години (5-20 вработувања – 25%, 21-50 вработувања – 50%, 51-100 вработувања – 75%, над 100 вработувања – 100%).