ОПШТИНА КОНЧЕ
КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА
Некогашниот средновековен епископски центар Конче е типично рурална општина сместена во централноисточниот дел од Република Македонија, опкружена со Конечка Планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш. Главни економски активности во општината се земјоделството, сточарството, водостопанството и шумарството. Посебен акцент има производството на висококвалитетен тутун од типот „Јака“ со околу 1.000.000 килограми годишно, што претставува 5% од вкупното производство на тутун во Република Македонија.
Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на Општина Конче го сочинуваат следниве 14 населени места: Габревци, Гарван, Горна Враштица, Горни Липовиќ, Дедино, Долна Враштица, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Загорци, Конче, Лубница, Негреновци, Ракитеци и Скоруша.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Седиште на општината |
Конче |
Адреса на седиштето |
2424 Конче |
Локација (ширина – должина) |
N 41° 29' E022° 22' |
Контакт |
Tel. +389 (0)34 630-325 fax: +389 (0)34 630-327 |
Eлектронска пошта |
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |
Интернет-страница |
|
Надморска височина |
580 м.н.в. |
Територија |
233,05 km2 |
Население |
3.536 |
Ден на општината |
12 јули (Петровден – празник на општината) |
СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Табела 4.19. Сообраќајни врски |
|
Автопати, експресни и магистрални патишта |
|
Индиректен пристап на магистрален патен правец А4 преку регионален патен правец P2433. |
|
Регионални патни правци што поминуваат низ општината P2433. |
|
Оддалеченост на општината од аеродроми (км) |
|
„Александар Велики“ – Скопје |
143 км |
„Свети Апостол Павле“ – Охрид |
268 км |
Аеродром Солун, Грција |
215 км |
Аеродром Софија, Бугарија |
292 км |
Оддалеченост на општината од железница |
|
Железничка станица Гевгелија |
113 км |
Железничка станица Миравци |
104 км |
Железничка станица Штип |
75 км |
Оддалеченост на општината од пристаниште (км) |
|
Пристаниште Солун, Грција |
192 км |
Пристаниште Драч, Албанија |
432 км |
Пристаниште Бургас, Бугарија |
626 км |
Оддалеченост на општината од гранични премини (км) |
|
Грција |
119 км |
Бугарија |
95 км |
Србија |
174 км |
Косово |
180 км |
Албанија |
264 км |
Оддалеченост на општината од поважни градови (км) |
|
Скопје |
162 км |
Солун |
192 км |
Софија |
289 км |
Белград |
563 км |
Загреб |
950 км |
Истанбул |
778 км |
Виена |
1.171 км |
Будимпешта |
934 км |
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ
Население: 3.536 жители (попис на населението 2002 година).
Полова структура: 1.886 мажи, 1.650 жени.
Етничка структура на населението: 85,10% Македонци, 14,73% Турци, 0,16% други.
Образовни институции: на територијата на општината има едно основно училиште.
Возрасна структура на населението (2014 година)
Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Конче
Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.
Активни и пасивни баратели на работа
Број на невработени лица: 354 (состојба на 31.11.2015 година).
Слика 4.20. Невработени лица – Конче
Извор: АВРМ, 2015.
Возрасна структура на невработените
Графикон: Активни баратели на работа - Конче
Извор: АВРМ, 2015.
Графикон: Пасивни баратели на работа - Конче
Извор: АВРМ, 2015.
Образовна структура на невработените
Невработени лица според образование |
Вкупно |
Мажи |
Жени |
Доктори на науки |
|||
Магистри на науки |
0 |
0 |
0 |
Високо образование |
15 |
7 |
8 |
Више образование |
2 |
1 |
1 |
Завршено средно образование |
101 |
59 |
42 |
Непотполно средно образование |
23 |
18 |
5 |
Основно образование и без образование |
213 |
87 |
54 |
Вкупно / Total |
354 |
172 |
110 |
ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА
Број на активни деловни субјекти: 75.
Графикон: Активни деловни субјекти по години - Конче
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Доминантни индустрии: земјоделство (производство на тутун), сточарство, водостопанство и шумарство.
Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Конче
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Главни компаративни предности на општината: чиста еколошка средина, ниска цена на земјиштето, природни ресурси.
Најзначајни локални претпријатија: Млекара „Еко млеко“ (производство на млечни производи).
Минерални ресурси: глина каолин, кварц, вар и бакар (неминерални суровини).
Туризам и угостителство: нема.
ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
На територијата на општина Конче нема утврдено индустриска зона, а потенцијалните инвеститори можат да изработат локална урбанистичка планска документација со намена на објекти Г3, Г4 – лесна и незагадувачка индустрија.
Општински поволности за инвестирање во индустриските зони: Советот на општината, на барање на инвеститор, може да донесе одлука за утврдување на посебни поволности за одредена конкретна инвестиција.
Карактеристики на слободни локации за градба: подетални информации можат да се добијат во општина Конче.