ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА
Општина Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Република Македонија, на границата со Република Грција. Природната целина на гевгелиската котлина се протега од северната и јужната страна на македонско-грчката граница. Гевгелија лежи во рамниот дел на котлината, лоцирана на десното крајбрежје на Кожув и на Пајак Планина. Со својата географска местоположба, Гевгелија отсекогаш претставувала крстопат на поважните патни правци во овој дел од Балканскиот Полуостров, преку кои се остварувале сите економски и културни врски помеѓу јужна и средна Европа. Денес на територијата на Општина Гевгелија се лоцирани повеќе луксузни хотели и казина.
Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на Општина Гевгелија го сочинуваат градот Гевгелија и следниве 16 населени места: Богородица, Габрово, Давидово, Кованец, Конско, Миравци, Милетково, Моин, Мрзенци, Негорци, Ново Конско, Петрово, Прдејци, Серменин, Смоквица и Хума.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Седиште на општината |
Гевгелија |
Адреса на седиштето |
Ул. „Димитар Влахов“, бр. 4 1480 Гевгелија |
Локација (ширина – должина) |
N 41° 9' E22° 30' |
Контакт |
Tel. +389 (0)34 213-899; |
Eлектронска пошта |
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |
Интернет-страница |
www.gevgelija.gov.mk |
Надморска височина |
64 м.н.в. |
Територија |
485 km2 |
Население |
22.988 |
Ден на општината |
7 ноември (ослободување на Гевгелија) |
СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Табела 4.10. Сообраќајни врски |
|
Автопати, експресни и магистрални патишта |
|
Директен пристап на автопат А1. |
|
Регионални патни правци што поминуваат низ општината |
|
Р1102, Р1108, Р1105 |
|
Оддалеченост на општината од аеродроми (км) |
|
„Александар Велики“ – Скопје |
138 км |
„Свети Апостол Павле“ – Охрид |
249 км |
Аеродром Солун, Грција |
101 км |
Аеродром Софија, Бугарија |
284 км |
Оддалеченост на општината од железница |
|
Железничка станица Гевгелија |
1 км |
Железничка станица Миравци |
22 км |
Железничка станица Штип |
117 км |
Оддалеченост на општината од пристаниште (км) |
|
Пристаниште Солун, Грција |
178 км |
Пристаниште Драч, Албанија |
413 км |
Пристаниште Бургас, Бугарија |
618 км |
Оддалеченост на општината од гранични премини (км) |
|
Грција |
3 км |
Бугарија |
73 км |
Србија |
168 км |
Косово |
174 км |
Албанија |
270 км |
Оддалеченост на општината од поважни градови (км) |
|
Скопје |
156 км |
Солун |
78 км |
Софија |
280 км |
Белград |
557 км |
Загреб |
944 км |
Истанбул |
664 км |
Виена |
1.165 км |
Будимпешта |
928 км |
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ
Население: 22.988 жители (попис на населението 2002 година).
Полова структура на населението: 11.420 мажи, 11.568 жени.
Етничка структура на населението: 96,82% Македонци, 1,60% Срби, 0,93% Власи, 1,15% други.
Возрасна структура на населението (2014 година)
Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Гевгелија
Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.
Активни и пасивни баратели на работа
Број на невработени лица: 1.276 (состојба на 31.11.2015 година).
Слика 4.14. Невработени лица – Гевгелија
Извор: АВРМ, 2015.
Возрасна структура на невработените
Графикон: Активни баратели на работа - Гевгелија
Извор: АВРМ, 2015.
Графикон: Пасивни баратели на работа - Гевгелија
Извор: АВРМ, 2015.
Образовна структура на невработените
Образовни институции: На територијата на општината има четири основни и едно средно училиште. Високото образование е застапено преку Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип со дисперзирани студии од областа на правото, економијата, земјоделството, педагогијата, социјалните работи и туризмот.
Невработени лица според образование |
Вкупно |
Мажи |
Жени |
Доктори на науки |
|||
Магистри на науки |
8 |
2 |
6 |
Високо образование |
165 |
74 |
91 |
Више образование |
25 |
18 |
7 |
Завршено средно образование |
336 |
162 |
174 |
Непотполно средно образование |
270 |
198 |
72 |
Основно образование и без образование |
472 |
87 |
198 |
Вкупно |
1.276 |
541 |
548 |
ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА
Број на активни деловни субјекти: 1.190.
Графикон: Активни деловни субјекти по години - Гевгелија
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Доминантни индустрии: прехранбена индустрија, текстилна индустрија, туризам и угостителство, градежна индустрија.
Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Гевгелија
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Главни компаративни предности на општината: поволна географска положба и климатски услови, традиција и препознатливо производство на еко-храна, обучена работна сила во областа на туризмот, конфекционерство.
Најзначајни локални претпријатија: „Випро Виктор“ ДООЕЛ (преработка на овошје и зеленчук); „Пајдаков“, „Вори“ (конзервна индустрија); „Конти-Хидропласт“, „7-ми Ноември“ (производство на производи од гума и пластични маси); „Еуроинг“, „Млаз Инжинеринг“, „Мансард Коце“ ДООЕЛ (градежни фирми); „Риго Импекс“, „Јостела“ (винарија); „Агро Импекс“ (трговија на големо); „Лемекс“ (транспортно претпријатие); „Паскалин“ (производство и извоз на сурогати од кафе); „Кичуков Компани“ (трговија на мало); „Хина“ (преработка и конзервирање овошје и зеленчук и производство на леб и бели печива); „Ноел“ ДПТ Експорт импорт (текстилна индустрија).
Најзначајни странски инвеститори: Хотел „Фламинго“, Хотел „Рамада Плаза“ (хотели и ресторани); Kазино „Фламинго“, Казино „Принцес“ (игри на среќа); Хотел-казино „Аполина“, Казино „Сенатор“ (хотели, ресторани и игри на среќа).
Минерални ресурси: Каменоломи.
Туризам и угостителство: 11 хотели и мотели, 16 ресторани, шест кафетерии, три ноќни клубови.
ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
Во општината Гевгелија развиени се повеќе индустриски зони што имаат добра инфраструктура и сигнализација: Индустриска зона „Ракита“, Индустриска зона „Деленица“, Индустриска зона „Блокотехна“, Индустриска зона „Стопански комплекс откупно-дистрибутивен центар“ и Технолошка – индустриска развојна зона.
Општински поволности за инвестирање во индустриските зони: Советот на општината, на барање на инвеститор, може да донесе одлука за утврдување на посебни поволности за одредена конкретна инвестиција.