ОПШТИНА НОВО СЕЛО

КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА

Општината Ново Село се наоѓа на крајниот југоисточен дел од Република Македонија и граничи со општините Струмица, Берово и Босилово од македонска страна и општините Петрич и Муриес од бугарска и грчка страна. Ново Село е втора по големина населба во струмичката котлина со градска физиономија. Општината се разликува од другите по неколку уникатни работи: единствена општина во Република Македонија што граничи со две држави од Европската унија; и на нејзина територија се наоѓа највисок водопад во Република Македонија (Смоларски водопад – 39,5 м.).

Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на Општина Ново Село го сочинуваат следниве 16 населени места: Ново Село, Сушица, Мокриево, Ново Коњарево, Колешино, Мокрино, Смолари, Зубово, Старо Коњарево, Дражево, Борисово, Самоилово, Барбарево, Стиник, Бадилен и Бајково.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Седиште на општината

Ново Село

Адреса на седиштето

Ул. „Мануш Турновски“, бб, 2434 Ново Село

Локација (ширина – должина)

N 41° 24' E22° 52'

Контакт

Tel. +389 (0)34 355-202; Fax. +389 (0)34 355-702

Eлектронска пошта

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Интернет-страница

www.novoselo.gov.mk

Надморска височина

260 м.н.в.

Територија

237,45 km2

Население

11.567

Ден на општината

12 декември (конституирање на првиот совет)

СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ

Табела 4.21.Сообраќајни врски

Автопати, експресни и магистрални патишта

Директен пристап на магистрален патен правец А4.

Регионални патни правци што поминуваат низ општината

P1402

Оддалеченост на општината од аеродроми (км)

„Александар Велики“ – Скопје

153 км

„Св. Апостол Павле“ – Охрид

278 км

Аеродром Солун, Грција

167 км

Аеродром Софија, Бугарија

217 км

Оддалеченост на општината од железница

Железничка станица Гевгелија

68 км

Железничка станица Миравци

59 км

Железничка станица Штип

88 км

Оддалеченост на општината од пристаниште (км)

Пристаниште Солун, Грција

144 км

Пристаниште Драч, Албанија

442 км

Пристаниште Бургас, Бугарија

551 км

Оддалеченост на општината од гранични премини (км)

Грција

66 км

Бугарија

5 км

Србија

185 км

Косово

191 км

Албанија

296 км

Оддалеченост на општината од поважни градови (км)

Скопје

172 км

Солун

144 км

Софија

214 км

Белград

586 км

Загреб

973 км

Истанбул

730 км

Виена

1.194 км

Будимпешта

957 км

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ

Население: 11.567 жители (попис на населението 2002 година).

Полова структура: 5.979 мажи, 5.588 жени.

Етничка структура на населението: 91,92% Македонци, 0,21% Срби, 0,29% други.

Образовни институции: На територијата на општината има две основни училишта.

Возрасна структура на населението (2014 година)

Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Ново Село

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Активни и пасивни баратели на работа

Број на невработени лица: 1.061 (состојба на 31.11.2015 година).

Слика 4.23. Невработени лица – Ново Село

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Возрасна структура на невработените

Графикон: Активни баратели на работа - Ново Село

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Графикон: Пасивни баратели на работа - Ново Село

[No canvas support]>

Извор: АВРМ, 2015.

Образовна структура на невработените

Невработени лица според образование

Вкупно

Мажи

Жени

Доктори на науки

     

Магистри на науки

2

1

1

Високо образование

50

22

28

Више образование

8

6

2

Завршено средно образование

239

112

127

Непотполно средно образование

175

113

62

Основно образование и без образование

587

87

227

Вкупно / Total

1.061

341

447

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

Број на активни деловни субјекти: 242.

Графикон: Активни деловни субјекти по години - Ново Село

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Доминантни индустрии: земјоделство, производство на тутун, прехранбена индустрија, текстилна индустрија, дрвопреработувачка индустрија, градежна индустрија.

Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Ново Село

[No canvas support]>

Извор: Државен завод за статистика, 2015.

Главни компаративни предности на општината: единствена општина во Република Македонија што граничи со две држави од ЕУ, присуство на граничен премин.

Најзначајни локални претпријатија: „Колид фудс“ ДООЕЛ (прехранбена индустрија); „Џови Компани“ ДООЕЛ (градежна индустрија); „Јастреб“ ДООЕЛ (дрвопреработувачка индустрија); „Рико-Градба“ ДООЕЛ, „Пирамида“ ДООЕЛ (градежна индустрија); „Алумин – БД“ ДОО (металопреработувачка индустрија).

Најзначајни странски инвеститори: нема.

Минерални ресурси: нема.

Туризам и угостителство: еден хотел, десет ресторани, еден кафе-бар, еден ноќен клуб.

ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Во општината Ново Село идентификувани се три индустриски зони: Индустриска зона „Борисово“, Индустриска зона „Мокрино-Мокриево“ и Индустриска зона „Брод-Зубово“.

Општински поволности за инвестирање во индустриските зони: Советот на општината, на барање на инвеститор, може да донесе одлука за утврдување на посебни поволности за одредена конкретна инвестиција.