ОПШТИНА РАДОВИШ
КРАТКА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА
Општината Радовиш е сместена во југоисточниот дел на Република Македонија и го зафаќа северозападниот дел од струмичко-радовишката котлина. Северниот релјефен дел од општината ѝ припаѓа на планината Плачковица, јужниот на планината Смрдешник, на северозапад се наоѓа ридестиот дел од областа Јуруклук, заедно со басенот на Дамјанско Поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на Радовишка Река. Општината Радовиш се граничи со повеќе општини: Општина Конче на југозапад, Општина Берово на исток, Општина Василево на југ, Општина Штип на северозапад и општините Карбинци и Виница на север.
Според територијалната организација на единиците на локалната самоуправа од 2005 година, подрачјето на Општина Радовиш го сочинуваат градот Радовиш и следниве 20 населени места: Ораовица, Подареш, Јаргулица, Покрајчево, Злеово, Војславци, Сулдурци, Калуѓерица, Ињево, Аликоч, Коџалија, Бучим, Парналија, Козбунар, Смиланци, Штурово, Супурѓе, Калаузлија, Бучим и Тополница.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Седиште на општината |
Радовиш |
Адреса на седиштето |
Бул. „Александар Македонски“, бр. 7, 2420 Радовиш |
Локација (ширина – должина) |
N 41° 38’ E22° 28’ |
Контакт |
Tel. +389 (0)34 635-007; fax +389 (0)34 630-290 |
Eлектронска пошта |
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |
Интернет-страница |
|
Надморска височина |
380 м.н.в. |
Територија |
608 km2 |
Население |
28.244 |
Ден на општината |
6 ноември (ослободување на Радовиш) |
СООБРАЌАЈНИ ВРСКИ
Табела 4.25. Сообраќајни врски |
|
Автопати, експресни и магистрални патишта |
|
Директен пристап на магистрален патен правец А4. |
|
Регионални патни правци што поминуваат низ општината |
|
Р1310, Р1403, Р2431, Р2433, Р29471 |
|
Оддалеченост на општината од аеродроми (км) |
|
„Александар Велики“ – Скопје |
107 км |
„Свети Апостол Павле“ – Охрид |
232 км |
Аеродром Солун, Грција |
177 км |
Аеродром Софија, Бугарија |
256 км |
Оддалеченост на општината од железница |
|
Железничка станица Гевгелија |
88 км |
Железничка станица Миравци |
74 км |
Железничка станица Штип |
40 км |
Оддалеченост на општината од пристаниште (км) |
|
Пристаниште Солун, Грција |
151 км |
Пристаниште Драч, Албанија |
396 км |
Пристаниште Бургас, Бугарија |
590 км |
Оддалеченост на општината од гранични премини (км) |
|
Грција |
80 км |
Бугарија |
57 км |
Србија |
138 км |
Косово |
144 км |
Албанија |
270 км |
Оддалеченост на општината од поважни градови (км) |
|
Скопје |
126 км |
Солун |
154 км |
Софија |
253 км |
Белград |
526 км |
Загреб |
914 км |
Истанбул |
740 км |
Виена |
1.135 км |
Будимпешта |
898 км |
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ПОТЕНЦИЈАЛИ
Население: 28.244 жители (попис на населението 2002 година).
Полова структура: 14.352 мажи, 13.892 жени. Етничка структура на населението: 84,10% Македонци, 14,38% Турци, 0,25% Срби, 0,96% Роми, 0,31% други.
Образовни институции: на територијата на општината има едно средно училиште и пет основни училишта.
Возрасна структура на населението (2014 година)
Графикон: Возрасна структура на населението (2014) - Радовиш
Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.
Активни и пасивни баратели на работа
Број на невработени лица: 2.853 (состојба на 31.11.2015 година).
Слика 4.26. Невработени лица – Радовиш
Извор: АВРМ, 2015.
Возрасна структура на невработените
Графикон: Активни баратели на работа - Радовиш
Извор: АВРМ, 2015.
Графикон: Пасивни баратели на работа - Радовиш
Извор: АВРМ, 2015.
Образовна структура на невработените
Невработени лица според образование |
Вкупно |
Мажи |
Жени |
Доктори на науки |
|||
Магистри на науки |
12 |
3 |
9 |
Високо образование |
274 |
115 |
159 |
Више образование |
80 |
40 |
40 |
Завршено средно образование |
896 |
396 |
500 |
Непотполно средно образование |
250 |
183 |
67 |
Основно образование и без образование |
1.341 |
87 |
508 |
Вкупно |
2.853 |
824 |
1.283 |
ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА
Број на активни деловни субјекти: 894.
Графикон: Активни деловни субјекти по години - Радовиш
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Доминантни индустрии: производство на тутун, прехранбена индустрија, текстилна индустрија, дрвопреработувачка индустрија, градежна индустрија, производство на хартија и хартиена амбалажа.
Графикон: Деловни субјекти по доминантни индустрии - Радовиш
Извор: Државен завод за статистика, 2015.
Главни компаративни предности на општината: Богатството на различна руда концентрирана на мал простор (бакар, злато, сребро, железо и олово), поволни климатски услови (спој помеѓу медитеранска и умерено-континентална клима – 276 сончеви денови), поволна географска положба (еднаква стратешка комуникација со повеќето поголеми урбани центри).
Најзначајни локални претпријатија: „Бучим“ (рударство – бакар, злато, сребро и др.); „Aлфаинжинеринг“ (енергетика, градежништво и др.); „Снабдител Андонови“, „6-ти Ноември“ (преработка и конзервирање месо и месни производи); „Марди“, „МК Маркос“, „МК Мартекс“, „Декортекс“, „Супер Хит“ (текстилна индустрија); АД „Јака Табак“ (тутунска индустрија); „Tехника“ (градежништво); „Кометал Петре“, „Семи“, „Металпромет“ (металургија); „Голд Мак“ (преработки од благородни метали – злато, сребро); „22 Октомври“ (трговија – електроматеријали); „Ролопластика“ (преработка од пластика и ПВЦ-канализациски цевки и сл.); „Современ дом Баже“ (дрвна индустрија и амбалажа); „Валентина промет“ (трговија градежни материјали); „Флорес“, „Фунги Флора“, „Бест фуд“ (откуп и преработка на земјоделски производи, шумски плодови); „Детоним Бучим“ (производство и продажба на експлозиви); Mлекара „Ѓоргиеви“ (преработка на млеко и производство на млечни продукти); „Ди транс“ ДОО (транспорт).
Најзначајни странски инвеститори: „Бучим“ (Русија) – рударство (бакар, злато, сребро и др.).
Минерални ресурси: глина каолин, кварц, гранит, вар, железо, бакар, олово и цинк, злато, сребро.
Туризам и угостителство: пет хотели, 25 ресторани и пицерии, четири кафе-барови, два ноќни клуба.
ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ И ЛОКАЦИИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ
Во општината Радовиш идентификувани се две индустриски зони: Индустриска зона „Радовиш“ и Индустриска зона „Подареш“.
Општински поволности за инвестирање во индустриските зони: Советот на општината, на барање на инвеститор, може да донесе одлука за утврдување на посебни поволности за одредена конкретна инвестиција.