ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

ЗЕМЈОДЕЛСТВО И СТОЧАРСТВО

 

Статистичките податоци по региони покажуваат дека во 2014 година земјоделската површина во југоисточниот регион изнесувала 9,5% од вкупната земјоделска површина во Република Македонија.

Според површините под лозја југоисточниот регион со 4.408 (ха), односно 20,7%, се наоѓа на второ место по вардарскиот регион. Евидентно е дека вкупната земјоделска површина во југоисточниот регион се зголемила од 91.064 (ха) во 2010 на 124.674 (ха) во 2014 година. Притоа, вкупната обработлива површина се зголемила од 56.907 (ха) во 2010 година на 59.264 (ха) во 2014 година. За истиот период површините класифицирани како ораници и бавчи и површините за овоштарници се зголемиле.

Табела 3.16 Површина по категории на користење (хектари)

 

Македонија

Југоисточен

Земјоделска површина

1.263.155

124.674

Обработлива површина – вкупно

511.579

59.264

Ораници и бавчи

413.249

49.875

Овоштарници

15.309

1.697

Лозја

23.061

5.618

Ливади

59.960

2.074

Пасишта

751.086

65.290

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Слика 3.12. Структура на земјоделско земјиште

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.

Слика 3.13. Структура на сточарство

Извор: Државен завод за статистика, регионите во Република Македонија, 2015.